Од СДСМ велат дека „нежната коалиција на Христијан Мицкоски се распаѓа пред очите на граѓаните“.
Според СДСМ, наместо влада која работи за интересите на граѓаните, гледаме отворена војна за места, позиции и бизниси.
„ЗНАМ, партијата што ја создаде и финансираше Мицкоски, повеќе не постои. Остануваат само двајца – Максим Димитриевски и Горан Минчев, кои сега се во директна борба за влијание. Димитриевски има свој човек и го сака Министерството за земјоделство, а од друга страна Минчев не го сака Министерството за земјоделство, бидејќи знае дека таму се скратени пари и земјоделците се крајно незадоволни.“
„Филков сака да остане на позицијата министер за правда, за да може да го контролира судството, да спречува истраги и да спроведува планирани тендери. Стравот од одговорност и идните истраги е она што го тера да остане во Министерството за правда по секоја цена. Во меѓувреме, Мицкоски бара изговор за предвремени парламентарни избори.“
„Буџетот е празен, а можностите за ново задолжување се исцрпуваат. Не може да си дозволи да не исплаќа пензии. Затоа, ќе се обиде да се задолжува максимално, а кога веќе нема да може да го прави ова – ќе бара излез преку избори. Досега не успеа да добие алиби од опозицијата. Сега се обидува да го добие од еден од неговите сателити, но дури и тие знаат дека таквата акција ќе ги етикетира како соучесници во политичката манипулација“, велат од СДСМ.
