back to top
14.8 C
Skopje
вторник, 6 октомври , 2026

СДСМ: Реорганизацијата на Владата е прегрупирање на луѓе кои две години ја водеа земјата во криза

Други наслови

Во врска со реорганизацијата на Владата, од СДСМ велат дека не станува збор за реорганизација што носи одговорност, туку за прегрупирање на луѓе кои две години ја водеа земјата во криза.

Опозициската партија вели дека економијата тоне, буџетот е празен, европскиот пат е блокиран, а граѓаните се соочуваат со секојдневно зголемување на цените.

„Наместо да се соочи со сопствените неуспеси, Мицкоски прави спектакл во Собранието. Прво со Изборниот законик, сега со реорганизацијата. Наместо да признае дека нема пари и дека не може да го продолжи мандатот, тој се обидува да создаде впечаток на активност. Особено е цинично што дел од владејачкото мнозинство се занимава со навреди кон пратениците од опозицијата.“

„Мицкоски, исто така, директно учествува во ова. Неговиот прв соработник, Иван Стоилковиќ, како претставник на „српскиот свет“, предводи во навредите, дури и отворено ги пцуе пратениците од опозицијата во Собранието. Со тоа ја понижуваат највисоката институција во државата, а со неа и граѓаните. Ова не е сила, туку слабост.“

„Мицкоски сака предвремени избори. Тој повеќе не може да ги крие своите неуспеси. Но, му треба алиби. Тој веќе кажа дека нема да има предвремени избори, па сега се реорганизира, а паралелно создава хаос во Собранието за да има причина да ги свика“, велат од СДСМ

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести