back to top
25.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

Се појави првата заедничка фотографија од Душко Тошиќ со неговата нова партнерка: Интимна фотографија со Нора ги запали мрежите

Други наслови

По разводот од Јелена Карлеуша, неговиот љубовен живот беше предмет на голем јавен интерес, па затоа објавувањето на првата заедничка фотографија со Нора предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Откако неодамна призна дека ужива во нова емотивна врска, Душко Тошиќ реши да го сподели со јавноста првиот заеднички момент со својата избраничка.

На фотографијата која привлече големо внимание на социјалните мрежи, Нора нежно ја потпира главата врз поранешниот фудбалер додека седат заедно во градината на ресторанот опкружени со зеленило.

Како што објавија медиумите, вниманието на Душко го привлече атрактивна русокоса по име Нора, која има брак и две деца зад себе.

На објавената фотографија, Нора блескаше во елегантна лесна карирана комбинација со розови детали, дискретна шминка и модерни шишки, додека стајлингот го комплетираше со златна нараквица.

Од друга страна, Душко Тошиќ позираше во опуштена кафеава кошула, со блага насмевка на лицето и главата потпрена на партнерката.

Емоциите се разгореа многу брзо.

– Според извор близок до двојката, веднаш се појавила посебна хемија меѓу Душко и Нора.

Душко и Нора веднаш се поврзаа. Тие имаат слична енергија, поминуваат многу време заедно и речиси никогаш не се разделуваат – изјавил извор близок до двојката

Според изворот, нивната врска се развила спонтано, а заедничките интереси и сличниот поглед на животот ги зближиле уште повеќе.

Душко Тошиќ ја потврди врската

Шпекулациите за нова романса неодамна ги запре самиот Душко Тошиќ.

Поранешниот српски репрезентативец накратко потврди дека е среќен на емотивно ниво.

– Вистина е. Јас сум во среќна врска и сум задоволен – рече Тошиќ

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести