Во украински ракетен напад во рускиот град Белгород во близина на границата, две лица загинаа, а петмина беа ранети , изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.
Во видео објавено на Телеграм, Гладков рече дека мажите кои загинале ги обновувале оштетените мрежи за греење и електрична енергија во градот. Реконструкцијата ќе продолжи во сабота бидејќи било премногу опасно да се работи ноќе, рече Гладков.
Тој претходно изјави дека нападот предизвикал сериозна штета на електраните и дека е прекинато снабдувањето со електрична енергија, греење и вода. Три станбени згради во градот претрпеа штета.
Неофицијалниот Телеграм канал SHOT објави дека жителите пријавиле серија гласни експлозии во градот и дека воздушната одбрана е во функција.
Белгород, кој се наоѓа на околу 40 км од границата, често е цел на напади од страна на украинските сили.
