back to top
11.8 C
Skopje
четврток, 15 октомври , 2026

Силјановска на средба со Ердоган: Очекуваме Советот за соработка на високо ниво да отвори нови можности за поструктурирана соработка

Други наслови

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова денес беше примена на средба од нејзиниот турски колега, Реџеп Таип Ердоган, со кого, како што рече, имала конструктивен разговор. Силјановска напиша на Фејсбук дека очекува Советот за соработка на високо ниво да отвори нови можности за поструктурирана соработка.

„Му се заблагодарувам на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за гостопримството, конструктивниот и искрен разговор во Долмабахче, Истанбул. Се согласуваме дека македонско-турските односи се темелат на силно пријателство, доверба и континуирана поддршка, со значаен придонес на турските инвестиции во македонското општество воопшто.“

„Очекуваме Советот за соработка на високо ниво да отвори нови можности за поструктурирана соработка. Ви благодариме за поканата за учество на 5-тиот Дипломатски форум во Анталија, што е исклучително важно во денешниот глобален контекст“, напиша Гордана Силјановска-Давкова.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести