back to top
12.8 C
Skopje
петок, 9 октомври , 2026

Симеоне го потврди враќањето на Алварез: „Се надевам дека ја научи лекцијата“

Други наслови

Аргентинецот Хулијан Алварез (26) се враќа во тимот на Атлетико Мадрид овој викенд откако клубот го блокираше неговиот обид за трансфер во Барселона.

Така, тој повторно ќе му биде на располагање на Диего Симеоне, а пропушти дел од тренингот и првенствениот натпревар против Севиља поради неизвесност околу продолжувањето на неговата кариера.

По овој повод, денес тренерот на „Јорганџија“ Диего Симеоне потврди дека Алварез ќе биде во конкуренција за првенствениот дуел против Атлетик Билбао.

26-годишниот напаѓач се враќа во тимот по бурен период во кој отсуствуваше од тренинзите два дена поради, како што официјално беше наведено, болест. Отсуството се случи веднаш откако раководството на клубот јасно му стави до знаење дека нема да одобри негов трансфер во редовите на директен ривал.

Во пресрет на патувањето во Билбао, Симеоне ја коментираше ситуацијата и истакна дека верува оти целото ова искуство може да послужи како можност за личен напредок. „Хулијан Алварез ќе биде во тимот утре. Тој тренира добро и очекуваме најдоброто од него, како и од другите соиграчи“, рече Симеоне.

Тензиите меѓу играчот и клубот ескалираа кога Атлетико издаде две соопштенија за само 24 часа, во кои јасно наведуваше дека на Алварез нема да му биде дозволено да оди во Барселона. Иако клубот наводно бил подготвен да преговара за неговото враќање во Премиер лигата, поточно во Арсенал, не е постигнат никаков договор.

Поради ова, Алварез мораше да прифати да остане во својот сегашен клуб. Симеоне, исто така, се осврна на овој факт.

„За мене, животот е полн со можности, а Хулијан сега има една од нив. Честопати го поминуваме животот осудувајќи ги другите и треба помалку да судиме, а повеќе да учиме. Се надевам дека ја научи лекцијата“, рече тренерот.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести