back to top
18.8 C
Skopje
среда, 16 септември , 2026

Синот на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално се откажува од презимето на својот татко

Други наслови

Мадокс Чиван, најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит, официјално го промени презимето и го отстрани „Пит“ од своето име.

Судот во Лос Анџелес го одобри неговото барање, па 25-годишникот сега официјално се вика Медокс Чиван Џоли. Тој го поднесе барањето за промена на името претходно оваа година, наведувајќи лични причини.

Медокс веќе почнал јавно да го користи презимето на неговата мајка. Како помошник-режисер на филмот „Кутјур“, во кој глуми Анџелина Џоли, тој бил именуван како Медокс Џоли.

Тој не е единственото дете на поранешната холивудска двојка кое одлучи да се откаже од презимето Пит. Неговата сестра Шајло законски го отстрани Пит од нејзиното презиме во 2024 година, додека Захара исто така поднесе барање за промена на името.

Анџелина Џоли и Бред Пит имаат шест деца, а нивниот долгогодишен развод беше финализиран во декември 2024 година, по повеќе од осум години правна битка.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести