back to top
6.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

Сите бегаат од „Олд Трафорд“, но не и тој: Солскјер се понуди на Јунајтед, сака повторно да биде тренер

Други наслови

Рубен Аморим вчера беше отпуштен од клупата на Манчестер Јунајтед, а сега челниците на „Црвените ѓаволи“ бараат негова замена.

Според првичните информации, ниту еден од најдобрите светски тренери не размислува да дојде на „Олд Трафорд“, а интересно е што се појави едно име.

Фабрицио Романо објави дека Оле Гунар Солскјер е заинтересиран за слободното место на клупата на Јунајтед и дека ги понудил своите услуги на клубот.

Како што истакна Романо, на Солскјер не му е гајле дали ќе добие договор до крајот на сезоната или подолго, сè додека се врати на „Олд Трафорд“.

Како играч на Јунајтед, Солскјер учествуваше во освојувањето на шест шампионски титули во Англија и постигна гол во иконското финале на Лигата на шампионите во 1999 година, а како тренер од декември 2018 година до неговото отпуштање во ноември 2021 година, тој играше и во финалето на Европската лига со Јунајтед.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести