Ненадејна поплава однесе куќи и мостови и оштети хидроелектричен проект покрај река во централен Непал.
Армијата во неделата објави дека спасила 49 лица од погодените подрачја, но уште петмина се уште се водат како исчезнати, како што потврди и највисокиот функционер на округот, пишуваат странските медиуми, според Телеграф.
Се верува дека поплавата е предизвикана од свлечиште низводно од реката Буди Гандаки во округот Горка.
Четири моста и речиси дваесетина куќи беа однесени од водата, заедно со камп за хидроелектричен проект лоциран покрај реката.
Непал сè уште се обидува да се опорави од катастрофалните поплави и лизгања на земјиштето што ги погодија пограничните градови со Тибет пред два месеци, уништувајќи илјадници домови и витална енергетска инфраструктура, како и оставајќи илјадници мртви и исчезнати.
