back to top
5.8 C
Skopje
вторник, 6 октомври , 2026

Снимки што топат срца: Не може да ја тргне насмевката од лицето кога е покрај 34 години помлада убавица

Други наслови

Ричард Гир и неговото семејство се вратија во Соединетите Држави за да го прослават Денот на независноста во Њујорк откако се преселија во Шпанија.

Познатиот холивудски актер, Ричард Гир (76), позираше со сопругата Алехандро Силва и нивните две деца, а семејните фотографии ги објави неговата сопруга.

Двојката отишла во Америка за да го прослави Денот на независноста откако се преселиле во Шпанија .

„Неизмерно сум благодарна за животот што го изградивме меѓу две земји, две култури и толку многу луѓе што ги сакаме. Денес ја славиме поврзаноста, семејството, пријателството и сè што нè потсетува дека домот не е само место, туку луѓето што ги носиме во нашите срца“, напиша таа под објавата.

На фотографиите, двојката позираше со своите два најмлади синови, седумгодишниот Александар и шестгодишниот Џејмс, додека се возеа на брод покрај историскиот споменик, кој е универзален симбол на слободата и демократијата.

На други фотографии од објавата, момчињата си играа со камчиња на плажата и гледаа огномет.

Пред две години, Гир решил да се пресели во Шпанија , татковината на неговата сопруга, и не криел дека му 
се допаѓа животот во европска земја .

„Мојата сопруга е Шпанка и помина околу седум години со мене тука, па сега ќе живееме во Мадрид неколку години. Нашите деца зборуваат два јазика, па навистина ќе напредуваат таму“, рече еднаш актерот.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести