back to top
4.8 C
Skopje
петок, 2 октомври , 2026

Србин за малку избегна смрт во авион на „Рајанер“: Сомневања дека староста на авионот е причина за несреќата

Други наслови

Американскиот Национален одбор за безбедност во сообраќајот објави дека во истрагата за авионот на „Рајанер“ сè уште не ја исклучил можноста дека староста на авионот или неговото одржување придонеле за откажувањето на моторот.

Со ова се негираа претходните изјави на извршниот директор на гореспоменатата авиокомпанија, Мајкл О’Лири, објави Ројтерс.

Претседателката на NTSB, Џенифер Хоменди, испрати писмо до О’Лири во кое наведува дека истражителите не заклучиле дека причината за инцидентот, во кој Србинот Љубиша Карановиќ речиси беше вовлечен низ скршен прозорец на „Рајанер“, е единствено ударот на туѓ предмет во моторот, ниту пак ги исклучиле другите можни фактори, вклучувајќи ја староста на авионот или начинот на кој бил сервисиран.

 Таа истакна дека јавните изјави на О’Лири ги прекршуваат правилата на NTSB за објавување информации за време на истрагата и го повика да се воздржи од понатамошни коментари за случајот.

О’Лири претходно оваа недела изјави дека прелиминарните наоди укажуваат дека моторот веројатно бил оштетен од удар на туѓ предмет при полетувањето од аеродромот во Солун, додавајќи дека авионот е стар 18 години и дека моторот бил целосно сервисиран и ремонтиран во претходните две години.

НТСБ го истражува инцидентот од 10 јули, кога дел од моторот се одвои од авионот „Боинг 737 НГ“ и го скрши прозорецот во патничката кабина веднаш по полетувањето од Солун кон Германија.

Поради ненадејното губење на притисокот во кабината, еден патник бил делумно извлечен низ отворот на прозорецот, по што екипажот извршил итно слетување.

„Рајанер“ и „Боинг“ не одговорија веднаш на барањата за коментар.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести