back to top
26.8 C
Skopje
понеделник, 5 октомври , 2026

Страотни предвидувања – над 43.000 лица се водат за исчезнати по разорни земјотреси во Венецуела

Други наслови

Состојбата во Венецуела по серијата катастрофални земјотреси останува крајно тешка, додека бројот на исчезнати лица достигнува над 43.000, според податоци објавени преку службата за евиденција на исчезнати лица. Според најновите информации, сè уште нема никаков контакт со 43.251 пријавено лице, иако оваа бројка бележи благ пад во однос на претходниот ден.

Официјалните власти соопштија дека досега е потврдена смртта на 1.719 лица, додека над 5.000 се повредени, а речиси 16.000 останале без домови. Станува збор за една од најтешките хуманитарни кризи во последните години во регионот.

Обединетите нации предупредија дека конечниот број на жртви може значително да порасне, со проценки кои достигнуваат и до 10.000 загинати, додека спасувачките операции продолжуваат во екстремно тешки услови под урнатините низ погодените области.

Катастрофата ја предизвикале два силни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтер, кои се случиле во краток временски интервал од само 39 секунди. Најголеми штети се пријавени во крајбрежната сојузна држава Ла Гваира, каде инфраструктурата е сериозно оштетена.

По главните потреси, регионот продолжува да се тресе од стотици последователни потреси со послаб интензитет, што дополнително ја отежнува работата на спасувачките екипи и предизвикува постојана паника кај населението.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести