back to top
10.8 C
Skopje
четврток, 8 октомври , 2026

Субвенциите предизвикаа хаос во Германија: Повеќе од 100.000 апликации за електрични автомобили

Други наслови

Германската држава издвојува до 6.000 евра за купување на ново електрично возило.

На 19 мај, германската влада објави дека ќе субвенционира продажба на нови електрични автомобили. Помеѓу тогаш и 5 август, повеќе од 100.000 граѓани аплицирале за субвенција, објави Министерството за економија во среда.

Повеќе од 90 проценти од апликациите се однесуваат на купување чисто електрични автомобили (BEV), а останатите се за купување хибриди или возила што го користат бензинскиот мотор главно за полнење на батеријата, пишува DPA.

Околу половина од апликантите се во категоријата со оданочлив приход до 45.000 евра годишно, а околу една четвртина заработуваат помеѓу 45.000 и 60.000.

Три четвртини од барањата биле поднесени од луѓе од домаќинства со годишен оданочлив приход до 60.000 евра.

Само членовите на домаќинството со приход до 80.000 евра можат да побараат субвенција, освен ако немаат најмалку две деца – во тој случај, ограничувањето е 90.000.

Државата субвенционира нов автомобил, купен најрано на 1 јануари годинава, со максимум 6.000 евра.

Владата издвои три милијарди евра за таа програма и смета на субвенција од 800.000 возила.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести