Сибил Шепард беше една од најатрактивните актерки на своето време која привлекуваше внимание со својата нереална убавина. Денес таа има 76 години и многу луѓе едвај ја препознаа на новите фотографии.
Сибил Шеферд ја започна својата кариера како модел кон крајот на 60-тите, а во 1971 година ја доби својата прва улога во филмот „Последното филмско шоу“.
Благодарение на познатото дело „Таксист“, вратите на славата ѝ се отворија, а филмските и телевизиските ангажмани постојано доаѓаа на нејзина адреса.
Не треба да ја изоставиме улогата на Сибил како Меди Хејс во серијата „Moonlighting“ , што дополнително ја зацврсти титулата на една од најпознатите, но и најатрактивните актерки од тоа време.
Сибил имаше специфична убавина и секогаш кога ќе се појавеше во јавноста, го привлекуваше вниманието на светот. Но, денес приказната е сосема поинаква.
Поранешната актерка има 76 години и ретко кој би ја препознал на улица. Неодамна беше фотографирана во Лос Анџелес додека секојдневно пазарува во друштво на асистент.
За таа пригода, таа носеше лежерни модни парчиња , односно сини фармерки и црна ролка, а стајлингот го заокружи со високо стилизирана пунџа.
Таа, исто така, додаде очила за да се скрие од љубопитните медиуми, но обидот беше неуспешен. Сите ја препознаа.

