back to top
30.8 C
Skopje
четврток, 17 септември , 2026

Таа е убедливо најбогатата Русинка

Други наслови

Татјана Ким по петти пат ја држи титулата најбогата жена во Русија.

Основачката на компанијата „Вајлдберис“ и раководителка на обединетата корпорација RWB, Татјана Ким, по петти пат по ред, го зазеде првото место на листата на 20-те најбогати жени во Русија објавена од списанието „Форбс“, со проценето богатство вредно околу 4,25 милијарди евра .

На второ место е претседателката на менаџментот на Интеко, Јелена Батурина , чие богатство се проценува на околу 1,1 милијарда евра, додека трета е Људмила Коган со околу 1,06 милијарди евра, објави ТАСС.

Меѓу првите пет се Екатерина Федун , ќерка на поранешниот косопственик на нафтената компанија Лукоил Леонид Федун, со околу 850 милиони евра, како и Татјана Володина , претседателка на стратешкиот совет на компанијата Летоал, со 807 милиони евра.

Според податоците на „Форбс“, вкупното богатство на 20-те најбогати Русинки се намалило во текот на претходната година за 5,84 милијарди евра, на околу 16,1 милијарди евра.

Форбс наведува дека вредноста на имотот на богатите руски жени била под влијание на падот на цените на акциите на Московската берза и забавувањето во потрошувачкиот сектор поради високите каматни стапки.

Ким беше прогласена за најбогата жена во Русија за прв пат во 2021 година, а беше на врвот на листата во 2023, 2024 и 2025 година.

Лариса Прокопјева, основач на компанијата „Евалар“, најголемиот руски производител на додатоци во исхраната, се врати на листата оваа година, со проценето богатство од околу 383 милиони евра.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести