Бројот на загинати во големиот пожар што избувна пред една недела во еден угостителски објект во Бангкок се искачи на 35 лица, соопштија тајландските власти. Повеќе лица се хоспитализирани со тешки изгореници, а дел од нив се во критична состојба.Според првичните информации, пожарот се проширил исклучително брзо, по што посетителите се обиделе да се евакуираат преку излезите за итни случаи. Истражните органи веќе започнаа детална истрага за причините за несреќата.Владата на Тајланд изрази сочувство до семејствата на жртвите и најави темелна проверка на безбедносните стандарди во јавните објекти низ земјата.
