back to top
26.8 C
Skopje
понеделник, 5 октомври , 2026

Тајната логистика на Али Ахмети во 2001: Како НАТО го бараше, а меѓународниот фактор го криеше во Призрен

Други наслови

Во емисијата Во Центар со Васко Ефтов, меѓу другото, Насер Зибери како директрен учесник во преговорите во конфликтот во 2001 година, откри детали и за тајната логистика на Али Ахмети. „Во 2001 година, Али Ахмети формално бил лице под истрага на НАТО кое го барала, а всушност го криеше.“ Средбите на Насер Зибери (ПДП) со Ахмети во Призрен (март 2001) биле организирани и спонзорирани доминантно од Британци и надворешни структури преку локален штаб на Косово. Оваа структура на Косово била комбинирана (политичка и воена) и го организирала техничкиот дел на средбата.

„Ахмети во тоа време беше формално лице под истрага на НАТО кое го бараше а всушност го криеше во Призрен. Тие се изјавите на лордот Робертсон.
И идејата претпоставувам иако не сум разговарал на таа тема била да он воспостави линк со политичките структури со претставниците на Албанците во собрание, во влада тука за да може а да го опипа пулсот кај политичката структура на Албанците за тоа што се случува.“

„Средбите беа во Призрен, освен другите покасно во Шипковица. Во Призрен две средби имавме.
-И како се организирани тие средби од Американци, Британци и Израелци или доминантно Британци?

„Спонзорирани од Британци, од надворешни структури а преку локален став на Косово, кои знаеа точно каде се наоѓа, како може да се стигне и така натаму.
-Политичко или милитарно војничко ниво е тој локален став?
„Комбинирано, од Косово се разбира. А јас мора да кажам дека а идејата да се сретнеме беше негова.

Сите екслузивните детали што Насер Зибер ги откри за емисијата Во Центар може да ги погледнете на следниот линк:

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести