Министерството за внатрешни работи објавува дека е пријавено тепање во затворот Идризово.
„Вчера во 20:30 часот, Службата за јавна безбедност во Скопje доби известување од затворот Идризово дека околу 18:30 часот, тројца осуденици физички го нападнале осудениот И.И. (61) од село Челопек, Тетовско, со употреба на тврд предмет“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расветлување на случајот.
