Иранското Министерство за надворешни работи реагираше по повторените напади од страна на Соединетите Американски Држави, посочувајќи дека Америка е виновна за ескалацијата бидејќи не го почитувала Меморандумот за завршување на војната.
„Одговорноста за најновата ескалација на непријателствата е на Соединетите Американски Држави“, се вели во најновото соопштение на иранското Министерство за надворешни работи.
„Повторените напади на САД врз јужен Иран, нивната одлука да воведат нови санкции врз иранската нафта, кршењето на договорот за Ормускиот теснец и продолжувањето на континуираните борби во Либан ги направија важните и фундаментални делови од договорот неефикасни“, се вели во иранското соопштение.
САД, исто така, ја префрлија вината на Иран, велејќи дека повторените напади во среда наутро се казна за иранските напади врз комерцијални бродови во Ормутскиот теснец.
Како одговор, Иранската исламска револуционерна гарда соопшти дека лансирала ракети и беспилотни летала врз 85 американски воени цели низ Бахреин и Кувајт.
