back to top
17.8 C
Skopje
среда, 16 септември , 2026

Тие рушат рекорди: Баерн оствари најголем приход во историјата на клубот

Други наслови

Еден од најпознатите фудбалски тимови во светот, тимот на Баерн Минхен ја заврши финансиската 2024/25 година со рекордни приходи од 978,3 милиони евра, што претставува зголемување од 2,8 проценти во споредба со претходната година, а Херберт Хајнер останува претседател на најсилниот германски клуб.

Приходите од натпревари (260,7 милиони евра), спонзорства и маркетинг (240,4 милиони евра), продажба на стоки (150,5 милиони евра) пораснаа… додека од трансфери паднаа од 186,1 милиони евра на 117,7 милиони евра.

Оперативната добивка се зголеми за 11,3 проценти на 187,8 милиони евра, додека добивката по оданочување се намали од 43,1 на 27,1 милиони евра. Баерн, исто така, се гордее со 432.500 членови, во споредба со 382.000 пред една година.

„Баерн останува економски силен, на спортски пат и обединет по дух.“

„И покрај турбулентните времиња и трансфер пазарот што достигна нови димензии, повторно остваривме рекордни приходи и солидна добивка. Ова ја покажува исклучителната сила и суштина на нашиот клуб“, рече извршниот директор Јан-Кристијан Дрисен.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести