back to top
17.8 C
Skopje
недела, 20 септември , 2026

Тифани Трамп не се грижи за правилата: Секси фустанот го украде шоуто, дали смееше вака?

Други наслови

Кралот Чарлс и кралицата Камила се во посета на Америка, каде што им се доделени бројни почести, а една вечер присуствуваше и Тифани Трамп, ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп.

Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп , Тифани Трамп, привлече големо внимание на вечерата посветена на кралот Чарлс и кралицата Камила. На настанот присуствуваше и првата дама Меланија Трамп , но Тифани го украде шоуто на поинаков начин.

Тифани за пригодата избра пастелно жолт фустан со деколте во форма на срце и детали без прерамки. Дизајнот беше целосно 
припиен до телото и имаше бројни набори на предната страна, слично на фустанот на Меланија.

Таа сè го комплетираше со дијамантски ѓердан и бранови во косата и позираше среќно додека другите имаа 
не баш убави коментари за неа .

Поради нејзините откриени рамена и истакнато деколте, луѓето мислеа дека Тифани 
го крши протоколот и дека е премногу провокативна за прием како оној за кралското семејство.

Иако не постои строго правило, познато е дека сè е доста строго кога во друштвото имате членови на кралското семејство, па затоа малку поскромна облека би била посоодветна.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести