Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата , Горан Ангеловски, денес учествуваа на официјалното предавање на 33 нови полициски мотоцикли и целосна заштитна опрема, обезбедени од РСБСП за потребите на Министерството за внатрешни работи.
Станува збор за 33 мотоцикли од марката „Piaggio Beverly 310 HPE“, во полициска изведба, и исто толку комплети опрема за мотоцикли, што вклучува заштитни кациги, јакни, панталони, чизми и летни и зимски ракавици.
Вкупната вредност на набавката е 16.845.561 денари, додека новата опрема ќе придонесе за поголема мобилност, поефикасно регулирање на сообраќајот и подобри услови за работа на полициските службеници.
Министерот Тошковски нагласи дека оваа набавка е уште еден конкретен резултат од успешната соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата , институции кои имаат заедничка цел, континуирано подобрување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на несреќи и жртви на патиштата.
Тој нагласи дека модернизацијата на сообраќајната полиција е дел од поширокиот пристап на Министерството за подобрување на безбедноста во сообраќајот, во кој важна улога игра и системот „Безбеден град“.
