Американскиот претседател Доналд Трамп одржа говор пред поддржувачите на неговата политика во Тенеси, при што конкретно се осврна на фактот дека неговите гласачи го следат и го поддржуваат во секој негов потег.
Тој се појави на митинг во Кларксвил, околу 80 километри северозападно од Нешвил, чија цел беше промоција на републиканските кандидати пред изборите за Конгресот на САД.
„Што правам јас во Тенеси? Не морам да водам кампања тука. Ја добив вашата држава со многу, многу, многу поени разлика. Со некоја смешна бројка. Цело време“, рече Трамп.
Тој ја повтори и тезата дека еден изборен циклус бил „наместен“.
„Значи, победив на избори три пати, три пати на големи избори. Вториот пат ме измамија затоа што измамија. Измамија. Не смееме да дозволиме тоа да се случи повторно“, изјави тој.
Потоа, тој нагласи дека чувствувал љубов во просторијата каде што го држел својот говор, по што толпата почнала да скандира „Трамп, Трамп, Трамп“.
„Не, вистина е. Не, постои таква љубов. Ова е неверојатно. Кога стоите тука, тоа е како љубов. Можам да кажам најглупави работи, а вие би аплаудирале. Многу го сакам тоа – вистина е“, рече американскиот претседател.
Сепак, Трамп рече дека кажува само работи што имаат смисла.
„Кажувам работи што имаат смисла и веројатно се претежно конзервативни. Но, тоа не е баш конзервативно; тоа се работи што произлегуваат од здравиот разум“, рече тој.
https://www.klix.ba/vijesti/svijet/trump-jednom-recenicom-rekao-sve-o-svojoj-politici-mogao-bih-reci-najgluplje-stvari-i-vi-biste-mi-aplaudirali/261012023