back to top
6.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

Трамп: Не ни е потребен договор со Иран за да збогатиме ураниум

Други наслови

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на Вашингтон не му е потребен договор со Иран за да добие збогатен ураниум од таа земја.

„Можевме веднаш да го добиеме. Не мислам дека би можеле да нè спречат ако сакаме да го добиеме, но нема причина за тоа. Ураниумот е закопан“, изјави тој пред новинарите во Овалната соба, според Ројтерс.

Трамп, исто така, рече дека не сака да се сретне со врховниот лидер на Иран, Моџтаб Хамнеи, но дека доколку Вашингтон и Техеран постигнат договор, можно е тој да се сретне со него.

„Ако тоа се случи, би покажал почит“, рече американскиот претседател.

Трамп претходно изјави дека САД на крајот ќе ги преземат залихите од високо збогатен ураниум на Иран, и покрај пораките од Техеран дека Иран нема да го предаде материјалот.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести