back to top
30.8 C
Skopje
четврток, 17 септември , 2026

Трамп откри дали Путин ќе го нападне НАТО

Други наслови

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин нема да нападне ниту една од земјите членки на НАТО.

Претходно, да потсетиме, од одредени медиуми се појавија шпекулации дека Русија планира напади врз балтичките земји , членки на НАТО .

„Тој нема да нападне територија на НАТО“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба, алудирајќи на Путин , објави Ројтерс.

Трамп претходно во телефонско интервју за „Аксиос“ изјави дека таков напад нема да се случи и дека директорот на ЦИА, 
Џон Ратклиф, не бил испратен во Москва за да достави никаква посебна порака.

„Ратклиф се гледа со својот руски колега еднаш на секои шест месеци или еднаш годишно. Тие имаат многу добри односи. Немаше никаква порака и немаше ништо необично“, рече Трамп 
.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести