back to top
10.8 C
Skopje
четврток, 8 октомври , 2026

Трансродовата ќерка на Елон Маск ги покажа градите во проѕирна маица: „Оддавам почит на лезбејската култура“

Други наслови

Вивијан Џена Вилсон, трансродовата ќерка на Илон Маск, привлече внимание појавувајќи се на Неделата на модата во Париз во маица на која се гледаа нејзините гради. После тоа, таа објасни на социјалните мрежи зошто се одлучила за такво модно издание.

Таа присуствуваше на презентацијата на новата женска есен/зимска колекција на Acne Studios. За таа пригода, таа избра проѕирен топ, кожни панталони и јакна. Изгледот го надополни со очила за сонце, ѓердан и чанта.

Таа позираше расположена за присутните фотографи. На социјалните мрежи следеа бројни комплименти за нејзиниот изглед.

„Таа е прекрасна“, „Освен што е убава, таа има и одлична личност“, „Таа ќе ја освои модната сцена“, „Ја сакам Џена“, се некои од коментарите.

Таа го гледаше шоуто од првиот ред заедно со Розана Аркет и Лесли Биб. По шоуто, таа објасни на Инстаграм што сакаше да каже со изборот на оваа модна комбинација.

„Облеката што ја носев денес во Acne Studios беше стилизирана на начин што оддава почит на кинк и лезбејската култура. Модата е референтна и со децении црпи инспирација од овие групи. Браво“, напиша таа, додавајќи дека ова е нејзината омилена облека што ја носела досега.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести