back to top
16.8 C
Skopje
четврток, 12 ноември , 2026

Трансфер бомба: Пеп Гвардиола ќе ја преземе Америка ако Покетино оди во Јунајтед

Други наслови

Шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола би можел да стане нов селектор на фудбалската репрезентација на Соединетите Американски Држави доколку Маурисио Покетино ја напушти позицијата, дознаваат британските медиуми.

Според „Атлетик“, Гвардиола е подготвен да го преземе кормилото на американската репрезентација во моментот кога ќе се официјализира трансферот на аргентинскиот тренер во Манчестер Јунајтед. Според медиумските извештаи од Островот, Покетино веќе ги договорил речиси сите услови со челниците на клубот од „Олд Трафорд“.

„Скај Спортс“ додава дека раководството на Јунајтед постигнало договор со 54-годишниот Покетино, кој треба да го замени Мајкл Карик (45) на клупата штом клубот ќе направи потег да го отпушти.

Иако аргентинскиот специјалист има важечки договор со Фудбалската асоцијација на САД до 2030 година, „Атлетик“ објави дека веќе е позната сумата на отштета што гигантите од Манчестер се подготвени да ја платат за да го обезбедат неговиот потпис.

На последното Светско првенство, каде што САД беа еден од домаќините, Покетино го водеше тимот до осминафиналето, каде што беа запрени од Белгија.

Од друга страна, Гвардиола стави крај на својата десетгодишна ера во Манчестер Сити на крајот од минатата сезона.

Шпанецот ги испиша најуспешните страници во историјата на клубот со „Граѓаните“, освојувајќи ја Лигата на шампионите и шест титули во англискиот шампионат, а во својата богата кариера со исклучителен успех ги предводеше и Барселона и Баерн Минхен. Иако најави пауза и одмор од фудбалот по разделбата со англискиот шампион, предизвикот да ја води репрезентацијата на САД би можел да го врати на сцената многу порано од очекуваното.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести