back to top
13.8 C
Skopje
понеделник, 12 октомври , 2026

Тринаесетгодишно дете од Куманово загина во сообраќајна несреќа во Черкези

Други наслови

Тринаесетгодишно дете од Куманово загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Куманово – Скопје, во селото Черкези.

Според информации од Секторот за внатрешни работи Куманово, во несреќата учествувале патничко возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот Ф.С. од Куманово, и електричен тротинет управуван од 13-годишен малолетник од село Черкези.

По несреќата, малолетникот бил пренесен во Општата болница во Куманово, каде што од страна на лекар била констатирана смрт.

Полицијата соопштува дека возачот на автомобилот е приведен во 21:20 часот и е задржан во полициската станица.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство и истражна екипа од Секторот за внатрешни работи Куманово извршиле увид на местото на несреќата, а се истражуваат причините за несреќата.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести