back to top
7.8 C
Skopje
сабота, 24 октомври , 2026

Три вида овошје што е најдобро да се јадат во текот на есента: Полни се со растителни влакна и антиоксиданси

Други наслови

Со падот на температурите, започнува и шпицот на јаболката, крушите и бобинките. Овие овошја, покрај тоа што се вкусни, имаат висока концентрација на влакна и антиоксиданси кои го намалуваат воспалението, ги хранат добрите бактерии и природно го стимулираат варењето на храната.

Есента е одлична сезона за љубителите на овошје. Од јаболка до круши, постуденото време е идеално за уживање во овошјето кое штотуку е целосно зрело, без разлика дали се користи во топли десерти или како брза и здрава ужина.

Поради високата содржина на влакна, антиоксиданси и хранливи материи кои го олеснуваат варењето, есенските овошја се препорачуваат во редовната исхрана.

Јаболка

Јаболката се препознатлив симбол на есента. Постојат многу сорти што зреат од средината на септември до средината на октомври – од слатки црвени до кисели зелени – а начините за нивно консумирање се разновидни.

Тие совршено се вклопуваат во ароматични десерти и сендвичи, а можат да се јадат и сами како едноставен оброк. Освен што се многу практични во кујната, јаболката се исклучително корисни за цревната микрофлора.

„Едно јаболко содржи околу четири грама влакна, што помага во одржувањето на чувството на ситост и редовно варење. Исто така, содржи фенолни соединенија кои можат да го подобрат разградувањето на храната во желудникот и тенкото црево“, вели нутриционистката Лиза Валенте за „Eating Well“.

Експертите советуваат да се јадат јаболка со лушпа за да се извлечат максимум од нивните хранливи материи. Нелупеното овошје има значително повеќе влакна и антиоксиданси од излупеното.

Круши

Иако често се засенети од јаболка, крушите имаат еднаков нутритивен и гастрономски потенцијал. Тие се честа состојка во есенските колачи и пити, а кога се целосно зрели, се меки и сочни, па затоа се одлични за јадење без никаква подготовка.

„Додека кората содржи нерастворливи влакна, месото од крушата содржи пектин. Тоа е вид растворливи влакна што создаваат желатинозна структура во дигестивниот тракт и го зголемуваат волуменот на столицата“, објаснува нутриционистката Менди Енрајт.

Три вида овошје што е најдобро да се јадат во текот на есента: Полни се со растителни влакна и антиоксиданси

„Пектинот делува и како пребиотик кој ги храни добрите цревни бактерии. Поради специфичната комбинација од фруктоза, сорбитол и влакна, крушите имаат и природно, благ лаксативен ефект.“

Една круша со средна големина содржи околу шест грама влакна, што ја прави добар избор за постигнување на препорачаниот дневен внес.

Бобинки

Бобинките се практичен додаток на смутија, јогурт или есенски закуски. Капините и малините го достигнуваат својот врв на есен и обезбедуваат дури осум грама влакна по чаша.

Три вида овошје што е најдобро да се јадат во текот на есента: Полни се со растителни влакна и антиоксиданси

„Дури и семките од ова овошје содржат нерастворливи влакна кои ја стимулираат работата на цревата. Покрај тоа, докажано е дека високата концентрација на полифеноли во бобинките помага во намалување на воспалителните процеси во дигестивниот систем“, истакнува Енрајт.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести