back to top
25.8 C
Skopje
четврток, 8 октомври , 2026

Ужасни сцени: Торнадо опустоши сè пред себе – Налети на ветер од 250 км/ч однесоа 5 животи, повеќе од 100 беа повредени (ВИДЕО)

Други наслови

Торнадото што помина низ делови од општината Рио Бонито до Игуасу, во бразилската држава Парана, одзеде најмалку пет животи, а околу 130 лица беа повредени, соопштија денес локалните власти.

Локалната метеоролошка служба објави дека торнадото превртело автомобили и оштетило куќи во Рио Бонито до Игуасу, а спасувачката служба изјави дека според првите извештаи , „30 лица се сериозно или умерено повредени, а околу 100 се здобиле со полесни повреди“, објави порталот Баронс.

Ветровите во Рио Бонито до Игуасу, град со 14.000 жители, достигнаа брзина помеѓу 180 и 250 километри на час, според податоците од Системот за технологија и мониторинг на животната средина на сојузната држава Парана.

Како што беше објавено, по торнадото имало „паднати дрвја, па дури и оштетувања на ѕидовите на куќите“.
Гувернерот на Парана, Ратињо Џуниор, во објава на платформата X изјави дека „безбедносните сили се во состојба на готовност“ за да ја следат ситуацијата во градовите погодени од силни ветрови.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести