back to top
25.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

УЛЦИЊ ВОВЕДЕ КАЗНИ КОИ ЌЕ ВЕ СОГОЛАТ ПОВЕЌЕ ОД ПЛАЖАТА!

Други наслови

Лице кое ќе се најде во костим за капење или без облека надвор од просторот за капење ќе биде казнет со парична казна од 150 до 500 евра, објавува „Вијести“ за измената на Одлуката за комунален ред, која беше усвоена на седницата на парламентот на Улцињ минатата недела.

„Заради заштита на комуналниот ред, достоинството на градот и уредниот изглед на јавните површини, забрането е одење во костим за капење или без облека на јавни површини во урбани населби, приградски населби и туристички места на територијата на општина Улцињ, освен во просторите за капење – плажи и непосредното крајбрежје наменето за капење. Одредбата од став 1 се однесува особено на улици, плоштади, шеталишта, пешачки зони, паркови, плоштади и други јавни површини кои не се означени како простори за капење“, се наведува во новиот член од усвоената одлука.

Вториот член од одлуката прецизира дека за овој прекршок, лицето ќе биде казнет со парична казна од 150 до 500 евра.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести