back to top
14.8 C
Skopje
сабота, 10 октомври , 2026

Уписите за Средното полициско училиште започнуваат на 1 јули

Други наслови

Министерството за внатрешни работи, преку Полициската академија, ги поканува заинтересираните ученици да се запишат во Средното полициско училиште и да станат дел од тимот кој се грижи за безбедноста на граѓаните.

Јавниот повик за регистрација ќе биде официјално објавен по 1 јули 2026 година, додека потребната документација ќе биде доставена до Секторите за внатрешни работи (СВР) низ целата земја.

Право на аплицирање имаат државјани на Македонија кои имаат завршено втора година средно образование, немаат повеќе од 18 години на денот на аплицирање и се во добра здравствена и психофизичка состојба.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести