back to top
4.8 C
Skopje
вторник, 6 октомври , 2026

Уште еден ракетен напад врз Катар

Други наслови

Катар објави дека бил нападнат со ракети во раните утрински часови денес, објави Скај њуз.

Од друга страна, Министерството за одбрана на земјата објави дека системите за воздушна одбрана веднаш биле активирани за да ги „пресретнат“ лансираните ракети, пренесува Телеграф.

Безбедносните власти ги повикаа локалните граѓани, како и бројните посетители, да „одржат смиреност“ и да ги следат „официјалните упатства од надлежните органи“.

Екипата на „Скај њуз“ со седиште во Дубаи соопшти дека слушнале силни експлозии во Доха и дека граѓаните се засолниле во засолништа.

Бројни фотографии објавени на различни платформи покажуваат облаци од чад на небото, како резултат на активирањето на системите за воздушна одбрана кои ги уништија ракетите. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести