Хајди Клум реши да се збогува со летото, полека и провокативно, токму онака како што најдобро го прави тоа.
Ова лето, можеби повеќе од кога било, имавме можност да уживаме во голите изданија на познатата германска манекенка, Хајди Клум (53). Познатата убавица ги искористи последните недели од летото и повторно ја покажа својата фигура.
Сега позираше во бикини , секако, но го сними само задникот, додека остатокот од стајлингот го комплетираше со вртоглаво високи потпетици и лежерно се шеташе низ хотелската соба.
„Прекрасен летен ден. Не сакам ова никогаш да заврши“, напиша таа во описот на објавата.
Порано овој месец, Хајди ја прослави својата седма годишнина од бракот со Том Каулиц, а за да го одбележи овој настан, објави серија фотографии од нивниот романтичен одмор на плажа, каде што повторно провокативните снимки го украдоа шоуто.

Голиот изглед на Хајди Клум веќе не е големо изненадување , познатата Германка обожава да се соблекува на секој чекор, а поради ова, дури и најлојалните обожаватели ја критикуваат.
„Ова е совршен задник“, „Честитки за овој изглед“, „Најубава си“, „Гориш, убавице“, „Би го гледала ова засекогаш“, беа само дел од воодушевените коментари.
