back to top
8.2 C
Skopje
петок, 16 октомври , 2026

УЈП: Ќе има привремен прекин во системот „Мој ДДВ“ поради техничко подобрување

Други наслови

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека поради планирани активности за подобрување на ИТ инфраструктурата на УЈП, на 23 јуни 2026 година (вторник) од 12:00 часот, апликацијата „Мој ДДВ“ ќе биде привремено недостапна.

„Недостапноста се должи на миграцијата на системот кон нова инфраструктура со цел да се обезбеди поголема безбедност и достапност на услугата“, велат од УЈП.

Системот ќе биде повторно ставен во функција веднаш по завршувањето на активностите.

Целта на „Мој ДДВ“ е граѓаните да ги скенираат своите фискални сметки, со што ќе придонесат за намалување на сивата економија. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести