Постојат сомневања дека провизијата за унгарскиот кредит од една милијарда евра изнесува 100 милиони евра, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче, отворајќи прашања за тоа како се распределуваат и трошат средствата од кредитот.
Филипче, во „Само интервју“ на „Канал 5“, посочи дека истрагата за кредитот во Унгарија, според него, е поврзана со промената на владата таму.
„На пример, дали би се отворила истрага ако владата не се сменила за унгарскиот кредит, односно за кинеските пари во Унгарија, ако владата не се сменила? Значи, можете да замислите какви истраги се отвораат за нашата влада, нема да се отворат ако се смени владата во Србија. 100 милиони евра провизија за унгарскиот кредит. Дали знаете колку е потрошено и имплементирано за проекти за општините што ги споменавте? 60 милиони евра. Најавени се 250. Каде се другите 190? Каде се другите 250 за компаниите и затоа е предмет на истрага“, рече Филипче.
Филипче очекува и функционери од владата на Мицкоски да бидат повикани на истрага.
„Новата унгарска влада го истражува тој заем. И да не бидеме изненадени ако, многу наскоро, нашите највисоки владини претставници бидат повикани таму да го истражат ова прашање“, рече Филипче.
