back to top
10.8 C
Skopje
понеделник, 2 ноември , 2026

Хајди Клум ги надмина сите мерки: На забавата дојде маскирана како отсечена дланка

Други наслови

Хајди Клум уште еднаш ја оправда својата титула кралица на Ноќта на вештерките, а многумина шпекулираат дека нејзиниот костим оваа сезона бил најбизарен досега.

Таа наговести дека подготвува нешто необично една недела претходно, кога сподели тизер фотографија на социјалните мрежи со шарени форми, текстури и детали што потсетуваат на човечки органи, што дополнително ја разгоре имагинацијата на обожавателите. Сепак, никој не се сомневаше дека Хајди Клум ќе се маскира во верна реплика на нејзината лева рака – поточно, крвава, отсечена рака со крвав зглоб, од чија средина штрчи нејзината глава.

Креативен детаљ што привлече посебно внимание е реплика од нејзиниот венчален прстен со зелен камен, како и минијатурна тетоважа со натпис „Том“ на прстот, посветена на нејзиниот сопруг Том Каулиќ.

@heidiklum

🥵🥵🥵

♬ original sound – idkwhatimdoinatthispoint

– Направив тетоважа на денот на нашата свадба. Бев инспирирана од левата рака. Ја погледнав и помислив дека можам целото тело да го вклопам во неа. Заклучив дека нозете можат да се вклопат во прстите, а телото во дланката, и тоа функционираше – изјави моделот за E! News.

Кралицата на Ноќта на вештерките, исто така, драматично пристигна на забавата. Таа пристигна во камион покриен со црвени знаци „Опасност“, по што актери облечени во жолти заштитни одела ѝ помогнаа да се спушти на земја.

Оваа неверојатна трансформација барала дури шест часа работа, додека нејзиниот тим поминал месеци создавајќи протези. Клум се пошегува на крајот, додавајќи дека „многу раце“ работеле на оваа рака.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести