back to top
15.8 C
Skopje
четврток, 1 октомври , 2026

Хормоните ги менуваат и татковците: Еве што се случува во првите месеци од татковството

Други наслови

Доаѓањето на бебето не само што го менува животот на мајката, туку и организмот на таткото поминува низ изненадувачки промени кои влијаат на нивното однесување и односот со детето.

Жените не се единствените кои минуваат низ промени кога стануваат мајки.

И татковството, барем на почетокот, ги менува машките хормони , според научниците.

Според студиите, нивото на тестостерон кај новите татковци опаѓа за околу 40 проценти во првиот месец од родителството, што е поврзано со нивната татковска чувствителност и приврзаност.

Од друга страна, нивото на естроген кај идните татковци почнува да расте во неделите пред раѓањето на детето и продолжува да биде покачено со месеци потоа.

Заедно со тоа, новиот татко доживува просечно зголемување на пролактинот од 20 проценти во првиот месец.

Окситоцинот, кој кај новите мајки делува на олеснување на породувањето и доењето, кај новите татковци има повеќе врска со „стимулативна игра“, како што е обидот да се насмевне и кикоти бебето.

Сето ова игра значајна улога во воспоставувањето чувство за татковство во текот на првите фази од растот на детето, заклучуваат научниците, пишува PubMed .

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести