Најмалку пет лица загинаа во пукотницата што се случи денес во градот Штаде на северот од Германија, додека осомничениот маж е уапсен, соопшти германската полиција.
Според првичните информации, мотивот за нападот засега е непознат, а истрагата е во тек.
Полицијата претходно потврди дека е во тек голема безбедносна операција откако беа пријавени повеќе истрели. Властите ја опишаа ситуацијата како „динамична“, нагласувајќи дека околностите на настанот сè уште се утврдуваат.
Осомничениот маж е во полициски притвор, а не се објавени детали за неговиот идентитет или евентуален мотив за нападот.
Градот Штаде има околу 50.000 жители и се наоѓа западно од Хамбург.
Се очекува германските власти да објават повеќе информации за смртоносниот инцидент подоцна во текот на денот.
