back to top
14.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

Царинска управа: Спречен шверц на дрога во поштенски пратки, едно лице лишено од слобода

Други наслови

Царинската управа спречи обид за нелегална трговија со дрога преку поштенски пратки што пристигнуваа од Франција.

Пакетот бил наменет за американски државјанин и бил скриен во кутии со ДВД и ЦД.

При проверката со скенер, откриена е сомнителна содржина, по што била вклучена и царинска екипа со кучиња трагачи.

Пронајдени се метамфетамин, МДМА и кокаин во различни количини. По наредба на обвинителството, лицето е уапсено додека го примало пакетот.

При претресот на неговиот дом, пронајдени се и други сомнителни супстанции и предмети поврзани со употреба на дрога. Случајот е предаден на обвинителството за понатамошна постапка.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести