Цените на нафтата на светскиот пазар пораснаа по слабеењето на доларот

 Цените на нафтата на светскиот пазар пораснаа денес по слабеењето на доларот поради ненадејниот колапс на банките Силикон вали и Сигначур банк.

 Цените на нафтата на светскиот пазар пораснаа денес по слабеењето на доларот поради ненадејниот колапс на банките Силикон вали и Сигначур банк, јавува Анадолу.

Сепак, понатамошниот пад на цените беше ограничен откако американската администрација вети решителни напори за заштита на американската економија.

Меѓународната референтна цена на нафтата брент утринава изнесуваше 83,03 долари по барел по растот на цената од 0,30 отсто.

Американската референтна вредност Вест Тексас интермедиејт (WTI) достигна вредност од 76,91 долар по барел по растот од 0,29 отсто.

Падот на вредноста на американскиот долар предизвика пораст на цените на нафтата со тоа што го олесни тргувањето со нафта за купувачите кои користат други валути.

Индексот на американскиот долар, кој ја мери вредноста на доларот во однос на другите валути, падна за 0,58 отсто на 103,54, откако пропаднаа двете големи американски банки, Силикон вали банк и Сигначур банк.

Меѓутоа, американските власти соопштија дека преземаат решителни мерки за заштита на американската економија, додавајќи дека граѓаните ќе имаат пристап до нивните пари од понеделник, 13 март, и дека даночните обврзници нема да сносат никакви загуби поврзани со колапсот на банките.