back to top
7.8 C
Skopje
вторник, 3 ноември , 2026

Цените на нафтата паѓаат откако Трамп објави крај на воената поддршка за Израел

Други наслови

Цените на нафтата на светскиот пазар денес паѓаат откако американскиот претседател Доналд Трамп објави прекин на повеќемилијардерската воена поддршка за Израел.

Цените на нафтата претходно пораснаа откако неименуван ирански функционер изјави дека Техеран и Вашингтон се далеку од договор за прекин на конфликтот и дека американската војска го нападнала островот Кешм во Ормутскиот теснец.

Во Лондон, цената на суровата нафта од типот Брент од Северното Море е намалена за 3,45 долари, или 3,3 проценти, и сега изнесува 101,32 долари за барел.

Во Њујорк, цената на лесната сурова нафта падна за 2,16 долари, или 2,2 проценти, на 94,30 долари за барел.

Трамп претходно изјави дека постигнал договор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека Вашингтон ќе престане да испраќа пари во Израел на крајот од годината во претходно договорениот годишен износ од четири милијарди долари.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести