Цените на нафтата денес пораснаа за повеќе од еден процент по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Кина планира да купува сурова нафта од САД.
Цената на суровата нафта од типот Брент се зголеми за 1,17 долари, или 1,11 проценти, на 106,89 долари за барел, објави Ал Џезира.
Цената на американската сурова нафта „West Texas Intermediate“ (WTI) порасна за 1,10 долари, или 1,09 проценти, на 102,27 долари за барел.
Зголемувањето на цените беше дополнително поттикнато од загриженоста за нападите и запленувањата на бродови во Ормутскиот теснец, еден од клучните правци за глобален транспорт на нафта.
Скокот на цените се случи и покрај извештаите од Иран дека околу 30 бродови поминале низ Ормускиот теснец во четвртокот.
