Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) објавува дека донела одлука за намалување на цената на нафтените производи за 1,41% во споредба со одлуката од 23.3.2026 година.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 ден/литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 3,00 ден/литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (DE V) не се менува.
Малопродажната цена на домашното екстра лесно масло (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/литар, додека малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,663 ден/кг и сега ќе достигне 50.410 ден/кг.
Од 31.3.2026 година, од 00:01 часот, максималните цени на нафтените производи ќе бидат:
ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 84,00 (денари/литар)
Моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 85,50 денари/литар
Дизелот ЕУРОДИЗЛ БС (ДЕ В) ќе се продава за 95,50 денари/литар
Екстра лесното масло за горење 1 (ЕЛ-1) ќе се продава за 92,50 денари/литар
Мазут М-1 НС ќе се продава за 50.410 (денари/килограм).
