back to top
16.8 C
Skopje
понеделник, 12 октомври , 2026

Црна Гора: Бројот на туристички пристигнувања се зголеми за 3,7 проценти во јули

Други наслови

Во Црна Гора, според прелиминарните податоци, во јули имало 234.403 туристички пристигнувања, што е за 3,7 проценти повеќе во однос на истиот месец минатата година, додека бројот на ноќевања на туристи во колективни сместувачки капацитети достигна 1,04 милиони, објави денес Црногорскиот завод за статистика (Монстат).

Од вкупниот број ноќевања во колективни сместувачки капацитети во Црна Гора, 90,8 проценти биле остварени од странци, а 9,2 проценти од домашни туристи.

Меѓу странските посетители, најбројни биле гостите од Србија со учество од 19,1 процент, Босна и Херцеговина 6,2 проценти, Полска 4,4 проценти, Франција 3,8 проценти и Германија 3,6 проценти, се додава во извештајот.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести