back to top
13.8 C
Skopje
понеделник, 12 октомври , 2026

„Чекам син…“ Социјалните мрежи зујат за ова интервју на Душко Тошиќ – Го подготвив ова за наследникот

Други наслови

Поранешниот фудбалер Душко Тошиќ откри дека ја резервирал левата рака за тетоважа со името на својот син, што привлече големо внимание од јавноста во тоа време.

За време на бракот со музичката ѕвезда Јелена Карлеуша, Тошиќ ретко зборуваше за своите приватни планови, но еднаш пред камерите откри една неостварена желба, која повторно се најде во центарот на вниманието.

Деновиве на социјалната мрежа ТикТок масовно се споделува стара, архивска снимка, на која Душко зборува за своите тетоважи во телевизиско интервју, но и за својата желба еден ден покрај имињата на неговите ќерки Атина и Ника да го истетовира и името на својот син .

Познато е дека поранешниот фудбалер гордо ги истетовирал имињата на своите наследници на десната рака, додека левата ја оставил празна, чувајќи ја за посебна пригода.

– Левата рака ми е празна, го чекам синот тука – рече Тошиќ тогаш во емисијата „Ексклузив“.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести