Шведска потпиша договор со француската компанија „Naval Group“ за купување на четири нови фрегати. Договорот беше склучен во Стокхолм, на церемонија на која присуствуваа францускиот претседател Емануел Макрон и шведскиот премиер Улф Кристерсон, пренесува Ројтерс.
Купување вредно четири милијарди долари
Уште во мај, Шведска ја објави својата намера да нарача бродови од тој француски производител. Вредноста на договорот е 3,5 милијарди евра, а оваа инвестиција ќе ги зголеми тројно капацитетите за воздушна одбрана на земјата, со оглед на безбедносната ситуација во Балтичкото Море.
Како најнова членка на НАТО, Шведска брзо ги зајакнува своите воени капацитети по руската инвазија на Украина. Испораката на првата од четирите нови фрегати е планирана за 2030 година; тие исто така ќе бидат најголемите бродови на шведската морнарица.
