Добро познат портал доби спор против гигантот, Мета беше принудена да плати отштета и да ја открие заработката од измамата.
Германски суд пресуди дека „Мета“, сопственикот на „Фејсбук“ и „Инстаграм“, е одговорен за лажните реклами од трети страни објавени на тие платформи и му наложи да ја отстрани таквата содржина и да плати отштета.
Тужбата ја поднесоа операторот на германски финансиски портал и неговиот основач, чие регистрирано лого и фотографија беа користени без дозвола во објави што промовираат наводно лажни инвестиции, објави Ројтерс.
Судот пресуди дека „Мета“ не може да се тврди дека не знаела за ваквите реклами, со оглед на начинот на кој компанијата ја контролира и насочува нивната дистрибуција на своите платформи.
Пресудата, исто така, ѝ наложи на компанијата да достави податоци за приходите генерирани од спорните реклами, како и да надомести за идните штети.
Одлуката сè уште не е конечна, а Мета најави дека ќе ја разгледа.
Компанијата соопшти дека е посветена на борбата против онлајн измамите и користи технологии, вклучувајќи вештачка интелигенција и препознавање на лица, за откривање на лажни реклами.
Случајот би можел да има подалекусежни последици за одговорноста на големите интернет платформи во Германија, особено во однос на тоа како алгоритмите на компаниите влијаат врз дистрибуцијата на содржина од трети страни.
