back to top
10.8 C
Skopje
вторник, 13 октомври , 2026

Шок на дното на океанот: Научниците не можеа да си поверуваат на очите – сино суштество ги изненади

Други наслови

Научниците открија нов, ситен вид син октопод кој може да се собере во дланка на дното на океанот во близина на островите Галапагос, по истражување спроведено со помош на подморница со далечинско управување, соопшти Фондацијата Чарлс Дарвин, додавајќи дека новиот вид е пронајден на околу 1.800 метри под површината на морето.

Експертот за октоподи Џенет Војт од Природонаучниот музеј во Чикаго изјави дека веднаш знаела дека станува збор за нешто посебно, иако на почетокот имала само фотографии, а подоцна и зачуван примерок.

Според CBS News, О на изјавил дека најблискиот познат сроден вид октопод досега е регистриран покрај брегот на Уругвај, во сосема друго океанско подрачје.

Бидејќи имало само еден примерок, научниците не сакале да го дисецираат за класична анализа, туку користеле компјутеризирана томографија (КТ) за да создадат тродимензионален модел.

– Нема ништо како чувството кога ќе поминете цел ден проучувајќи нешто што ниту еден човек не го видел досега – рече раководителката на рендгенската лабораторија на музејот, Стефани Смит.

Новиот вид, наречен „Microeledone galapagensis“, се одликува не само по својата сина боја, туку и по својата мала големина во рамките на семејството Megaleledonidae, чии членови се генерално многу поголеми и живеат во Јужниот Океан околу Антарктикот.

– Неговите кратки нозе со само еден ред мусуки го издвојуваат од повеќето познати октоподи – изјави Војт.

Таа додаде дека се одликува и со мазна кожа на грбот и специфична боја, грбот е светло син, додека долната страна е темно виолетова. Научниците веруваат дека оваа боја може да има заштитна функција во длабокото море, бидејќи темниот дел од телото го покрива пленот кој на крајот емитува светлина, што го штити октоподот од предатори.

Експертите истакнуваат дека откритијата на нови видови октоподи во длабокото море не се ретки, со оглед на тоа што големи делови од океанското дно се уште се неистражени. Првото забележување на овој вид е забележано во 2015 година во близина на островот Дарвин, именуван по британскиот научник Чарлс Дарвин, чиј престој на Галапагос придонел за развојот на теоријата за еволуција.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести