back to top
9.8 C
Skopje
вторник, 13 октомври , 2026

Што да јадете за подобро расположение: Нутриционист открива која едноставна храна го поддржува хормонот на среќата

Други наслови

Врската помеѓу цревата и мозокот е подлабока отколку што мислиме. Нутриционист открива како да се поддржи здрав микробиом и подобро расположение преку исхрана.

Цревата не се исклучиво дел од дигестивниот систем, туку имаат многу посложена улога, поради што научниците сè повеќе ги нарекуваат „втор мозок“ .

Нутриционистката Александра Лишанин го потврдува фактот дека нашето расположение започнува во желудникот. Цревата и мозокот постојано комуницираат, а повеќе од 90 проценти од серотонинот, популарно наречен хормон на среќата, се произведува во цревата. Некои евтини, едноставни и лесно достапни намирници можат да ни обезбедат подобро расположение.   

Како е ова можно?

Микробиомот испраќа сигнали преку нервниот, хормоналниот и имунолошкиот систем, поточно нервниот систем преку вагусниот нерв , хормоналниот систем преку хормоните и имунолошкиот систем преку молекули на цитокини, вели Александра Лишанин во својата објава на Инстаграм.

–  Бактериите не се пасивни , тие произведуваат молекули кои влијаат на енергијата, фокусот, расположението, меморијата. Вагусниот нерв ги поврзува цревата со мозокот, сигналите од цревата можат да испраќаат пораки: смири се, движи се, фокусирај се. Повеќе од 90 проценти од серотонинот се произведува во цревата, а серотонинот учествува во регулирањето на расположението, сонот, апетитот и чувството на енергија – објаснува Лишанин.

еротонинот е невротрансмитер и хормон во мозокот одговорен за расположението. Иако популарно се нарекува „хормон на среќата“, серотонинот е одговорен за пренесување на сигнали. Експертите велат дека невроните што произведуваат серотонин се локализирани во многу мал дел од мозокот, но тие се проектираат речиси низ целиот мозок. Овој невротрансмитер има моќ да влијае на речиси сите мозочни структури. Научниците додаваат дека серотонинот ја фаворизира рефлексијата и флексибилноста на мозокот, спречува брзи реакции и не е само хормон на среќата.

Александра Лишанин, исто така, објаснува дека микробиомот влијае на допаминот, мотивацијата и чувството на награда. ГАБА (гама-аминобутерна киселина) како главен смирувачки невротрансмитер во мозокот ни овозможува да бидеме смирени и отпорни на стрес.

Храна што му е потребна на мозокот

Експертите наведуваат дека влакната се храна за здрави бактерии во цревата , поради што се клучни за здрав микробиом. Препорачаниот дневен внес е околу 30 грама влакна. Значењето ферментираната хранана , се верува дека оваа храна им помага на цревата да произведуваат супстанции кои го штитат когнитивното здравје.

храна-богата-со-влакна-shutterstock-521209120.jpg

Недоволниот внес на растителни влакна може да го зголеми ризикот од дијабетес, дебелина, рак на дебелото црево, кардиоваскуларни заболувања и синдром на иритабилни црева.  

– Влакната и ферментираната храна ги хранат корисните бактерии кои создаваат бутират, кој го поддржува цревниот ѕид и го намалува воспалението. Пропионатот влијае на метаболизмот и апетитот. Ацетатот учествува во регулирањето на енергијата и нервниот систем. Храната што го поддржува микробиомот се лук и кромид, праз, овес, јачмен, мешунки, лен и чиа, кисела зелка и ферментиран зеленчук. Разновидните влакна овозможуваат поотпорен микробиом. Здравјето на цревата не е само прашање на варење, туку може да влијае и на начинот на размислување, како се чувствувате, колку енергија имате, колку можете да се фокусирате – нагласува Александра Лишанин.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести